Целосно била опожарена терасата на кафулето „Фонтана“ кај трговскиот центар „Мавровка“ во пожар што избил ноќеска околу 1.50 часот по полноќ, информира МВР.

Во пожарот нема повредени.

Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а увид ќе се врши во текот на денот.