Фото: Илустрација

Десетгодишно девојче и 48-годишна жена од Скопје се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Катланово-с.Брезица во Скопје. Несреќата се случила помеѓу две возила, при што двете повредени биле сопатнички во едното возило.

По незгодата сопатниците во патничкото моторно возило „лада“, Р.Ј.П.(48) и 10 годишна малолетничка, двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Седумгодишно девојче е тешко повредено откако вчера во неа удрил автомобил во населбата Бабуна во Велес.

Автомобилот го управувал 26-годишен велешанец. По незгодата, девојчето било пренесено во Општата болница во Велес каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.