Врховниот суд уште не ги пратил списите за предметот „Тенк” со кои се потврдува четиригодишната затворска казна за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во Кривичниот суд Скопје.

Вршителот на должност претседател на Врховен суд, Фаик Арслани, вели дека се уште се работи на предметот, кој е комплексен случај, во изјава за МИА.