Фото: Архива

Охрид се најде на листата на петте најпотценети градови на Балканот објавена од угледниот магазин „Форбс“, заедно со Добој (БиХ), Варна во Бугарија, Берат во Албанија и Ниш во Србија.

– Балканскиот Полуостров со живописни плажи, прекрасни планини и низа антички знаменитости за истражување е совршен за истражување и одмор, а изобилува со бројни неоткриени и неистражени убавини – пишува „Форбс“.

– Вгнезден во југоисточните предели на Македонија, Охрид е една од ретките светски дестинации што претставува културно и природно наследство на УНЕСКО. Првата карактеристика произлегува од високата концентрација на вековните цркви во византиски стил, додека Охридското Езеро ја претставува втората карактеристика, со широк спектар на риби и растенија во неговите води. Додека културното наследство на Охрид е фасцинантно, оние што бараат мирно бегство во природата, треба да поминат време во националниот парк Галичица во блиѕина, прекрасниот резерват што изоилува со балкански птици – наведува „Форбс“.

Некои градови забележаа раст на туризмот во последните години, а за нив пишуваа и светските медиуми. Сепак, има многу други дестинации со слични неверојатни карактеристики за кои многу туристи никогаш не ни слушнале.