Фото: Вулнет Селими / Фејсбук

Новиот директор на Здравствениот дом – Скопје, Вулнет Селими, најави санкции поради пуштање прегласна музика во поликлиниката во Драчево.

„По објавувањето видеоснимка од внатрешноста на поликлиниката во Драчево, на која се слушаа песни на исклучително висок тон, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку часа ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен во поликлиниката, што и, според него, е над нормалното“, напиша Селими на Фејсбук.

Како што вели тој, за овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на поликлиниката и против дежурниот лекар одговорен на денот кога се случило тоа.

„Ваквите сцени не може да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош“, порачува директорот на Здравствениот дом – Скопје.