Фото: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини МЕРМС

Со гордост и длабок почит ги одбележуваме 35 години од денот кога македонскиот народ со непоколеблива волја ги постави темелите на суверена и самостојна држава. Наш обврска и неуморна задача е да изградиме држава во која идните генерации ќе живеат достоинствено, а еден од клучните предуслови за тоа е трансформацијата на енергетскиот систем, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во честитката по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Божиновска нагласи дека нејзината заложба како министерка е Македонија да стане енергетски независна држава.

-Нема вистинска државна независност без енергетска независност. Не можеме да говориме за силен суверенитет додека зависиме од туѓи енергетски кризи и увоз – истакна Божиновска.

Таа оцени дека Македонија располага со потенцијал и знаење за самостојно да ја управува својата енергетска иднина, нагласувајќи дека целта е создавање силна, економски стабилна и енергетски самостојна држава.

-Тоа е нашата борба денес, тоа е новиот генерациски завет за Македонија – порача министерката, упатувајќи честитка по повод Денот на независноста.