Фото: Игор Бансколиев

Министерството за внатрешни работи информира дека е донесена одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР.

Обврската за користење на кодот НМК (NМК) наместо МК на регистарските таблички на возилата во државава произлезе од одредбите на Преспанскиот договор со Грција.