Фото: Пиксабеј

Со мало задоцнување полета авионот со македонските граѓани од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, кои се пријавија на повикот за евакуација и репатријација во Македонија, велат од МНР за МИА.

Се очекува тие да пристигнат на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 15.15 часот.

Владата организираше бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побараа помош и евакуација од Израел. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Ер Србија“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.