Фото: Архива/Принтскрин

Израелската војска денеска фрла летоци во Газа со предупредување жителите да се упатат „веднаш“ на југ, јавија дописниците на француски и британски медиуми од палестинската територија.

-Веднаш евакуирајте се и одете јужно од Вади Газа – пишуваше во летоците фрлени од дронови.

Мапата прикажана на летоците означува стрелка која покажува кон југ преку линија во централниот дел на Појасот Газа.

Пораката потпишана од израелската војска им наредува на жителите „да ги евакуираат јавните засолништа во градот Газа“.

Околу 423.000 жители на Газа се раселени во последните денови, од кои 60 отсто се засолниле од агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).

Во летоците се предупредуваат жителите „да не се враќаат во своите домови до понатамошно известување“ од израелската војска.