Фото: МИА

И покрај вчерашното негирање на премиерот Димитар Ковачевски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска изјави дека на вчерашната средба во партиското седиште во Мала Речица, која траеше 11 часа, била една од низата традиционални средби на партијата, а се разговарало и за влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција.

-На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше за прашањето за ветинг, каде како ДУИ имаме одговорност за непречено функционирање на државата – изјави Ахмети.

На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да и се приклучи на владината коалиција, Ахмети истакна дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог.

– Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата – рече тој.

Пред неколку дена и премиерот имаше средба со в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.