Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи со ковид-19, 18 починати лица и 1.961 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство.

Од 1.543 новозаболени од Скопје се 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија – 14, Делчево – 12, Крива Паланка – 10, Богданци – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 5, Кратово – 4, Берово – 2, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција.

Од 18 починати девет се од Скопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), три од Прилеп (56г, 69г и 76г), две од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од 1.961 оздравен пациент од Скопје се 854, Струмица – 144, Кавадарци – 127, Битола – 88, Охрид – 68, Штип – 64, Велес – 62, Гевгелија – 58, Куманово – 56, Валандово – 50, Неготино – 40, Прилеп – 39, Струга – 35, Тетово – 34, Гостивар – 29, Кичево и Свети Николе – по 28, Крива Паланка – 23, Ресен и Делчево – по 20, Кочани – 19, Радовиш – 18, Богданци – 12, Берово – 8, Виница, Пробиштип, Демир Капија , Пехчево и Дојран – по 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Кратово – 2, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително осум починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 4.1.2021 – 29.1.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (н=26), 12 лица се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.798.697 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а на активни случаи изнесува 14.336.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 124.335, Активни 8031
Куманово 15.038, Активни 610
Битола 13.023, Активни 996
Прилеп 12.857, Активни 480
Тетово 12.541, Активни 531
Кавадарци 9.162, Активни 510
Гостивар 8.858, Активни 314
Велес 8.562, Активни 290
Охрид 8.001, Активни 257
Штип 7.569, Активни 151
Струмица 7.331, Активни 286
Кичево 4.995, Активни 216
Кочани 4.677, Активни 146
Струга 4.420, Активни 135
Гевгелија 3.817, Активни 199
Неготино 3.244, Активни 190
Свети Николе 2.464, Активни 80
Ресен 2.403, Активни 171
Радовиш 2.299, Активни 139
Крива Паланка 2.237, Активни 87
Делчево 1.805, Активни 92
Берово 1.650, Активни 32
Дебар 1.511, Активни 20
Валандово 1.402, Активни 83
Виница 1.298, Активни 33
Пробиштип 1.260, Активни 20
Богданци 901, Активни 65
Кратово 890, Активни 29
Крушево 824, Активни 22
Демир Хисар 774, Активни 32
Македонски Брод 642, Активни 31
Македонска Каменица 508, Активни 23
Демир Капија 496, Активни 16
Пехчево 429, Активни 15
Дојран 214, Активни 4.