Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 142 нови случаи на ковид-19 од направени 2.046 тестови, како и 105 оздравени пациенти и четири починати лица, информира Министерството за здравство.

Од регистрирани 142 нови случаи на ковид-19, од кои 28 се реинфекции, од Скопје се 79, Битола 26, Прилеп и Охрид по 7, Кавадарци, Велес и Кичево по 4, Куманово 3, Гостивар и Кочани по 2 и Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе по 1.

Од 105-те оздравени пациенти од Скопје се 78, Битола 10, Кавадарци и Охрид по 4, Куманово и Гевгелија по 3, Струмица 2 и Делчево 1.

Две од починати четири лица се од Скопје, на возраст од 64 и 85 години, и по едно од Прилеп (73 г.) и Велес (58г). Сите се починале во болнички услови.

Дополнително според Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица – две од Скопје и едно од Тетово, на возраст од 78 години до 87 години, кои починале во период од 16 до 19 март 2022 година. Две од овие лица починале во домашни, а едно во болнички услови.

Од вкупниот број седум регистрирани починати лица, кај шест се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.983.540 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.796, бројот на оздравени пациенти е 297.164, на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 144.550, активни 712
Куманово 16598 , активни32
Битола 15.004, активни 176
Прилеп 14.073, активни 76
Тетово 13.434, активни 15
Кавадарци 10.574, активни 67
Велес 9.708, активни 21
Гостивар 9.552, активни 13
Охрид 8.799, активни 58
Струмица 8.025, активни 17
Штип 7.985, активни 16
Кичево 5.591, активни 34
Кочани 5.064, активни 12
Струга 4.704, активни 7
Гевгелија 4.390, активни 23
Неготино 3.666, активни 6
Ресен 2.705, активни 20
Свети Николе 2.621, активни 6
Радовиш 2.519, активни 10
Крива Паланка 2.412, активни 4
Делчево 1.967, активни 19
Дебар 1.673, активни 4
Берово 1.636, активни 2
Валандово 1.481, активни 4
Виница 1.385, активни 6
Пробиштип 1.266, активни 3
Богданци 1.019, активни 2
Кратово 961, активни 1
Крушево 928, активни 6
Демир Хисар 826, активни 1
Македонски Брод 736, активни 1
Демир Капија 591, активни 5
Македонска Каменица 523, активни 1
Пехчево 486, активни 1
Дојран 344, активни 0.