Медицинскиот кадар е целосно мобилизиран, но состојбата во болниците е многу сериозна. Ваква е оценката на министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките.

На состанокот се разговарало за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети и терпиите.

– Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна – оцени Филипче.

Затоа, како што посочува, од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битката со ковид-пандемијата.