Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 41, Куманово – 12, Штип – 16, Тетово – 10, Струга – 1, Охрид – 2, Гостивар – 1, Пробиштип – 4.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 1, Прилеп – 2, Тетово -2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати 157, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

По завршените епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Во согласност со тоа, последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 1.373, активни 760
• Куманово – 568, активни 150
• Дебар – 53, активни 2
• Штип – 223, активни 185
• Прилеп – 218, активни 25
• Тетово – 301, активни 135
• Струга – 106, активни 33
• Велес – 144, активни 30
• Битола – 30, активни 3
• Охрид – 37, активни 20
• Кавадарци – 6, активен 1
• Гостивар – 51, активни 29
• Гевгелија – 6, активни 2
• Струмица – 5, активни 2
• Крива Паланка – 7, активен 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 53, активни 22
• Пробиштип – 11, активни 9
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Берово – 2, активен 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 3, активен 1
• Свети Николе – 3, активни 2
• Кичево – 3, активен 1
• Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 987 теста се преку: ИЈЗ – 381, ЦЈЗ Скопје – 30, „Авицена“ – 72, „Биотек“ – 163, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 101, „Систина“ со PCR-метода – 137 и МАНУ – 103. Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 80 теста се во рамките на скринингот во градинките во Скопје и нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 37 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.