Во последните 24 часа починале пет лица од коронавирус, а потврдени се 164 нови случаи.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а најмногу нови случаи се регистрирани во: Скопје-59, Свети Николе – 23 и Дебар – 18.

Во Куманово-12, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кичево-6, Ресен-1.

Починати се пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 284
• Аеродром – 171
• Бутел – 139
• Гази Баба – 202
• Центар – 151
• Карпош – 146
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 123
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 32
• Илинден – 21
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 69