Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени 2.865 тестирања, биле регистрирани 627 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2 лица.

Од таму информираат дека биле регистрирани и 765 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1 лице.

Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45, 52, 57, 58, 60, 61, 62, 63, 63, 65, 68, 68, 69, 76, 77, 81, 82, 82, 82, 82, 83 и 89), 3 починати лица од Берово (71, 72 и 78), по 2 од Кавадарци (61 и 82), Битола (53 и 73), Прилеп (58 и 78), Куманово (45 и 66), Тетово (72 и 78), Радовиш (60 и 70), Струга (68 и 92) и Охрид (49 и 72) и по 1 лице е пријавено од Велес (83), Неготино (80), Штип (83), Струмица (79), Кочани (44) и Кичево (70). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а другите 44 лица во болнички услови.

Од нив, 15 лица се починати во текот на март во една приватна клиника, а се пријавени денеска, информира Министерството за здравство.

Направени се 2.865 теста преку: ИЈЗ – 558, ЦЈЗ Скопје – 68, ЦЈЗ Битола – 66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 11, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 14, Институт за микробиологија – 70, МАНУ – 108, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 141, „Авицена“ – 254, „Биотек“ – 236, „Систина“ – 181, лабораторија „Лаор“ – 209, „Синлаб“ – 57, „Ремедика“ – 47, „Плодност“ – 62, „Генеа“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 778.

Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.

Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 65.884, активни 8.209
Куманово 8.184, активни 1.200
Прилеп 7.981, активни 901
Тетово 6.965, активни 651
Битола 5.878, активни 1225
Велес 5.261, активни 667
Гостивар 5.035, активни 462
Кавадарци 5.035, активни 469
Штип 4.788, активни 457
Охрид 4.757, активни 890
Струмица 3.837, активни 543
Струга 2.887, активни 263
Кочани 2.618, активни 290
Кичево 2.377, активни 294
Гевгелија 2.143, активни 324
Неготино 2.122, активни 223
Свети Николе 1.452, активни 153
Крива Паланка 1.187, активни 87
Ресен 1.176, активни 206
Радовиш 1.051, активни 124
Берово 979, активни 63
Делчево 936, активни 102
Дебар 918, активни 61
Пробиштип 757, активни 39
Виница 754, активни 111
Валандово 642, активни 96
Богданци 475, активни 72
Крушево 461, активни 102
Демир Капија 392, активни 31
Демир Хисар 366, активни 58
Кратово 354, активни 17
Македонски Брод 351, активни 31
Пехчево 256, активни 20
Македонска Каменица 227, активни 14
Дојран 132, активни 14