Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 25 нови случаи на коронавирус, а 14 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 420 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 864.

После потврден случај на наставничка инфицирана со коронавирус во едно од основните училишта во општина Прилеп, постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште, ставени се во самоизолација во траење од 14 денови. Ка.М.