ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните утре да излезат на протест против злоупотребата на европските пари. Протестот ќе почне во 18.30 часот од пред Министерството за правда.

– Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре, на 16 октомври од 18.30 часот на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прашања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари – соопшти партијата.