Негативни на коронавирус се резултатите на децата и родителите кои се сместени на хемато-онколошкото оддение на Клиниката за детски болести – Скопје.

Како што информираат од Детската клиника, тестирањата биле спoрведени врз сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето.

Превентивно ќе бидат направени и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите, Универзитетската Клиника за детски болести – Скопје дополнително ќе ја информира јавноста.

Тестирањето се случуваше откако стана извесно дека на Детската клиника се потврдија два позитивни случаи на коронавирус, од кои еден лаборант и медицинска сестра. Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера изјави дека лаборантот се заразил со ковид-19 од мајка на пациент, кој лежел на клиниката, а медицинската сестра е од имунолошкото одделение.