Фото: Игор Бансколиев

Не се предложени нови рестриктивни мерки на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации кои МИА ги добила од Министерството за здравство.

Останува апелот за почитување на веќе постоечките мерки, во кои спаѓаат забраната за работа на угостителски објекти по 21 часот, забраната за групирање на повеќе од четири лица, како и максимално почитување на протоколите на сите компании.