Владата на денешната 69-та седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба.

Како што се наведува во соопштението, сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест ковид-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на Sars-Cov-2 вирусот.