Поради непочитување на здравствените мерки и прописи за епидемијата од коронавирус, од сите Сектори за внатрешни работи во земјава, за само 24 часа, односно од 7 часот на 19 до 07 на 20 март, поднесени се вкупно 33 кривични пријави и едно известување.

Како што информираат од МВР, овие мерки се однесуваат на вкупно 36 сторители кои ги прекршиле здравствените прописи.

Поради епидемијата од коронавируисот, Владата на 13 март воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа со цел да се намали и да се контролира ширењето на заразата.

Голем број граѓани кои пристигнаа од кризните подрачја во Европа, превентивно се ставени во 14-дневна изолација која повремено ја контролираат полициски екипи, но за жал на терен се покажува дека нивото на свест е ниско и има чести прекршувања на ваквите прописи.