Инспекторите за три дена затвориле 14 угостителски објекти во Скопје, Гостивар, Куманово. Препораките за затворање на угостителските објекти на територијата на целата земја главно се почитуваат, но во изминатите три дена инспекторите затвориле 14 објекти кои не ги почитувале препораките и биле отворени за посетители иако не смееле, беше кажано на денешната прес конференција на Инспекцискиот совет.

– Инспекторите се на терен и ги санкционираат сите оние кои не ги почитуваат мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот. За сите оние каде што ќе биде утврдена неправилност ќе следуваат санкции и казни – рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Што се донесува до цените во маркетите инспеторите констатираат дека нема покачување на цените, а меѓуопштинскиот сообраќај е редуциран за 80 отсто.

– Меѓународниот сообраќај е во прекин а меѓуопштинснкиот превоз се редуцира за 80 отсто. Инспекторатот за труд реализираше 583 контроли и донесе 5 решенија и 26 укажувања за вработени лица, кои треба да бидат дома со своите деца, а работодавачите не го почитувале правилото, Инспекциските служби работат на терен и со цел да обезбедиме целосно почитување на мерките и секој кој нема да се придржува ќе биде санкциониран. Мерките се заштита на сите граѓани, сите сме одговорни, заштита зависи од сите нас – рече Филиповска-Грашкоска.