Фото: Зоран Антоски
Откако минатата среда од двонеделен карантин излегоа двајцата инжинери, кои по кинеската Нова година се вратија  од родната земја на 20 февруари и за кои како превентивна мерка беше одреден дополнителен двонеделен карантин во работничката населба во село Извор, денес карантинот заврши. За втората група инжинери на „Синохидро“, кои во земјава допатуваа на 24 февруари и за нив како и за нивните претходници беше одреден двонеделен карантин.
 
За втората група овој период на карантин беше спроведен во една од бараките од работничката населба во село Извор. Тројцата инжинери беа под постојан лекарски надзор, без директен контаткт со останатите вработени и беше потврдено дека истите не се инфицирани со коронавирус. Се чини дека наште работници го пребродија стравот, откако од карантин излезе првата група кинески работници.
 
– Од денес и втората група кинески инжинери кои беа ставени во двонеделен карантин во работничката населба во село Извор, се вклучени во нормалните текови, бидејќи по сите прегледи и тестови извршени врз нив од страна на лекарски екипи-епидемиолози, не беше утврдено присуство на корона вирусот. Да потсетиме дека овие работници пред да се вратат во земјава, беа во двонеделен преветнивен карантин во својата земја и со највисока доза на сигурност може да се верува дека се здрави и дека не се заразени од овој опасен  вирус. Инаку откако од карантин излезе првата група кинески инжинери, со помалку резерва го прифативме нивното присуство во наше опкружување а тоа ќе се случи и со нивните колеги кои штотуку го напуштија карантинот – велат нашите работници ангажирани  во оваа компанија .
 
Инаку тие ја истакнуваат дисциплината на кинеските инжинери, кои во целост се прилагодиле на условите во карантинот и за цело време се придржувале на препораките од  лекарите кои вршеле редовен надзор врз над нивната здраствена состојба.
 
Според неофицијални извори, од Кина во земјава ќе треба да пристигне и трета поголема група работници на „Синохидро“. Но дали тоа ќе се случи и кога, со сигурнот никој не можеше да ни потврди а нам ни останува да чекаме и да ги следиме состојбите.