Вчера околу 18 и 30 часот полициски службеници од Кичево на патот за Охрид во близина на село Другово, сопреле моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од Е.А.31 од Скопје. При извршениот преглед во возилото се пронајдени и одземени опојни дроги марихуана и хероин. Возачот заедно со неговиот сопатник И.Ј. 27 од Скопје, се приведени и лишени од слобода. Против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава- информираа од СВР Охрид.     З. А.