Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска еден нов случај на ковид-19 е регистриран во општина Долнени, додека во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а пет лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи во Прилеп изнесува 53, од кои 37 се наоѓаат на домашно, а 16 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 66 лица. Ка.М.