Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а 3 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 109, од кои 85 се наоѓаат на домашно, а 24 на болничко лекување.

Од последици на заразната болест починато е едно лице на возраст од 65 години. Вкупниот број на починати досега изнесува 29, додека вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 463.

Ка.М.