Досега во Македонија се направени 888 тестови за коронавирусот, а Институтот за јавно здравје во овој момент располага со 1.400 дополнителни тестови, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

– Донесена е одлука за избор на дополнителна количина и 1000 тестови, а има најава за донација од уште 1.000 тестови, со најава дека 1.000 ќе бидат на располагање во нашата земја и 300 во било кое време во болницата во „Жан Митрев“ – рече Филипче.

Во однос на зголемување на достапноста на земањето брисеви, од понеделник ќе функционираат два пункта, на клиниката „Чаир“ и „Јане Сандански“. За ова, ќе се закажува телефонски преку системот на „Мој термин“, со што ќе се зголеми достапноста на оваа услуга во нашата земја, рече министерот за здравство.