Согласно вчерашните податоци за 24 часа оздравеле уште 89 пациенти, со што бројот на излечени од почетокот на пандемијата во земјата, до денеска, изнесува 6.020 лица.

Инаку, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја е 10.617, а на починати е 480 лица.

Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117. Најголем дел од нив се од Скопје (1.814), Штип (441), Куманово (296), Гостивар (258) и Тетово (228).