Од Центарот за јавно здравје Прулеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 24 до 30 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 18 нови случаи на ковид-19.

Од последици на коронавирусот починале две лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 58, на болничко лекување се наоѓаат 5 лица, од кои 4 се на кислородна поддршка.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 8.301. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус во градот починалe 424 лицa. Ка.М.