Драги другарчиња, по две години, хорот на детска песна „Златно славејче“ распишува аудиција за нови членови на хорот и важи за сите деца на возраст од 7 до 12 години.
Сè што треба да направите е да нè посетите и да бидете расположени да другарувате со сегашните и идните славејчиња.
Аудицијата ќе се одржи денеска (1 јуни), со почеток во 18 часот, во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на градот Скопје, кој се наоѓа на бул. Илинденска бр. 55 (веднаш до ДКЦ „Карпош“).
За повеќе информации јавете се на: 070/267-492 или 070/266-507.
Протоколите за безбедно дружење во интерес на заедничкото здравје ќе бидат максимално испочитувани.
Ве очекуваме!