фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 3.146 тестови, а регистрирани се 473 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје –255, Битола – 31, Куманово – 25, Прилеп – 23, Кавадарци и Велес – по 17, Тетово – 14, Кичево – 13, Охрид и Штип – по 12, Струмица и Гевгелија – по 10, Гостивар и Струга – по 5, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево – по 2, Дебар – 1.

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 74 реинфекции.

Регистриран сe 775 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: По едно починато лице од Прилеп (89г), Кочани (85г), Штип (80г), Охрид (71г), Велес (85г) и Кичево (71г). Сите пријавени лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 84г. Починати се во период од 10.02. до 23.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во болнички услови, а 5 лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (13), кај 11 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.886.706 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.703, бројот на оздравени пациенти е 283.411, на починати е 8.994, а бројот на активни случаи изнесува 4.298.