Шест луѓе починаа во Хрватска во последните 24 часа од коронавирус, а бројот на новозаболени е девет. Досега се потврдени 2.085 заразени, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

– Во изминатиот 24-часовен период имаме девет новодијагностицирани пациенти со Ковид-19, со што има вкупно 2.085 пациенти – рече министерот за здравство Вили Берош на прес-конференција.

Просечната возраст на заболените е 51,25 година. Просечна возраст на починатите е 79,2 години.

На респиратор има 17 пациенти. Тестирани се вкупно 36.917 лица, вклучително и 696 во изминатите 24 часа.

Во Хрватска од почетокот на епидемијата се излечило вкупно 1.421 лице.