Во Србија се регистрирани 186 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа. Вкупниот број на случаи е 9.205.

Во текот на последните 24 часа тестирани се 5.906 лица, досега се тестирани вкупно 91.551 лица.

Епидемиологот, Предраг Кон изјави дека до 1 мај имало 563 случаи на ковид-19 во установи за нега на стари лица и 113 вработени, и дека се излечиле 119 корисници и 67 вработени.

Тој кажа дека во Србија следува првиот викенд за време на кој граѓаните ќе можат да излезат надвор, по седум викенди за време на кои беше на сила целосна забрана за движење.

„Пораката е – нема собирање. Ние ги ублаживме мерките, но тоа не мора да нè чини“, рече имунологот д-р Срѓан Јанковиќ.