Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги критикува американските градови и држави кои бараат сојузна помош за да ги надополнат загубите поради пандемијата од коронавирус.

Гувернерите на некои сојузни држави бараат помош од Конгресот од 500 милијарди долари. Тие тврдат дека парите им се потребни за да ги покријат трошоците направени за одговорот на епидемијата, како и приходите кои се изгубени додека граѓаните седеле дома.

– Зошто жителите и даночните обврзници на Америка би требало да ги спасуваат државите со лошо управување (како Илиноис на пример) и градовите во кои на власт се демократите, кога повеќето држави не бараат помош? Отворен сум за каква било расправа, но само прашувам – напиша Трамп на Твитер.