Пандемијата на коронавирус е далеку од завршена, изјави на денешниот бирфинг директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус.

Тој кажа дека СЗО продолжува да биде загрижена за растечките трендови во Африка, Источна Европа, Латинска Америка и некои азиски земји.

Според него, во земјите од овие региони бројот на пријавени случаи и смртните случаи се помали од реалните поради нискиот капацитет за тестирање.

Гебреисус, исто така, кажа дека со оглед на тоа што земјите во Европа почнаа со ублажување на мерките со намалувањето на бројот на нови случаи на ковид-19, СЗО продолжува да ги поттикнува земјите да ги пронајдат, изолираат, тестираат и третираат сите случаи и да го следат секој контакт, за да се осигураат дека трендот на опаѓање продолжува.