Коронавирусот сè повеќе го шират луѓе на возраст од 20, 30 и 40 години, а многумина од нив не се свесни дека се заразени, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Западен Пацифик, Такеши Касаи.

– Присуството на вирусот кај оваа популација, со отсуство на симптоми на болеста, го зголемува ризикот од зараза на припадници на високоризични групи – јавува „Ројтерс“.

Во овие групи спаѓаат стари лица, хронично болни, на кои им е потребна долготрајна грижа и лица кои живеат во густо населени места во кои владеат лоши услови за живеење.