Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин, продолжува да се тестира за коронавирус секогаш кога тоа е потребно.

– Секако дека се тестира секогаш кога е потребно и кога лекарите ќе му препорачаат“, им рече Песков на новинарите – пренесува ТАСС.

Песков повтори дека немале информации дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, е позитивен на коронавирус и изјави дека сите Руси со кои зборувал биле живи и здрави.

Лукашенко соопшти дека прележал коронавирус на нозе.