Коронавирусот предизвика смрт на повеќе од илјада луѓе во Шведска од почетокот на епидемијата, соопштија здравствените власти.

Во оваа земја, со население од 10,3 милиони лица, досега починаа 1.033 луѓе, а 11.445 се заразени.

Од вчера, пријавени се 497 нови случаи на ковид-19, а 114 лица починаа само во изминатите 24 часа.

Шведска усвои поблаги мерки за борба против ширењето на коронавирусот, за разлика од другите европски земји.

Земјата одлучи да не ги затвора рестораните и баровите, како и основните училишта или градинките. Властите како мерка воведоа забрана за јавни собири со повеќе од 50 лица.