Фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека ја дала првата доза на вакцината во вториот дел од последната фаза на тестирање на кандидати кои припаѓаат на возрасна група помеѓу 12 и 18 години.

Тестирањето се спроведува во соработка со биомедицинското напредно тело за истражување и развој (БАРДА), кое е дел од Министерството за здравство на САД, пренесува „Ројтерс“.

„Задоволство ни е да објавиме дека започнавме со вториот дел од последната фаза на тестирање кај здрави адолесценти во САД. Нашата цел е да собереме доволно податоци до пролетта 2021 година за да ја одобриме употребата на нашата вакцина подоцна во учебната година”, рече Стефан Бансек, извршен директор на „Модерна“, пренесува сајтот Бизнис Веир.