Следната недела ќе биде најтешка и најтажна за животите на многумина Американци, изјави првиот човек на воените здравствени служби. Тој го спореди периодот на пандемијата на коронавирусот во САД со „Перл Харбор“ и „11 септември“.

– Сакам Американците да сфатат дека колку и да биде напорна следната недела, постои светло на крајот од тунелот – рекол вицеадмиралот, Џером Адамс, пренесе Си-ен-ен.

Властите предупредуваат дека следните две недели ќе бидат пресудни во борбата против ширењето на коронавирусот. Според последните податоци, бројот на смртни случаи во САД е 8.500, а заразени се над 312.000.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека следните две недели најверојатно ќе бидат најтешките во борбата проитвкоронавирусот и дека ќе има многу починати.