Во Шпанија нема починати од коронавирус веќе втор ден по ред, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Вкупниот број на починати е непроменет од неделата и изнесува 27.127, наведе Министерството, пренесе „Ројтерс“.

Со 27.127 жртви на ковид-19, Шпанија е на шестото место во светот по бројот на починати.

Бројот на новозаразени од коронавирус се зголеми во однос на вчера за 137. Вкупниот број случаи изнесува 286.718, според податоците на порталот „Ворлдометерс“, со што Шпанија е на четвртото место во светот според бројот на заразени од коронавирус.