Ново жариште на епидемијата на коронавирус се појави во кинеската провинција Јунан, а властите најавија дека за пет дена ќе го вакцинираат целото население на еден град со 300.000 жители.

Државната телевизија ЦЦТВ покажа луѓе кои чекаат во редови за вакцинација во Жуилиј, каде што од вторникот се потврдени 16 случаи на зараза со коронавирус.

Од вкупниот број на заразени, 12 се Кинези, а четворица се државјани на Мјанмар, со кои се граничи Јунан.