Новата вакцина „Новавакс“ се покажа како ефикасна 89,3 проценти во третата фаза на тестирање во Велика Британија, пренесува „Би-би-си“.

Вакцината се покажала како многу ефикасна и против новиот вид коронавирус регистриран во Велика Британија.

Велика Британија обезбеди 60 милиони дози од вакцината, што се произведува на североистокот на Англија.

Вакцината се очекува да биде доставена во втората половина на годината, доколку е одобрена за употреба.

Велика Британија досега одобри три вакцини против коронавирус – на „Астра зенека“, „Фајзер“ и на „Модерна“.

Вакцината на американската компанија „Новавакс“ се дава во две дози. Во третата фаза од студијата учествувале повеќе од 15.000 луѓе на возраст од 15 до 84 години, а 27 проценти од нив биле постари од 65 години.