Министерот за здравство Алекс Азар смета дека огромниот број на смртни случаи во САД се должи на здравствената состојба на Американците.

– За жал, има многу разлики кај американското население. Тоа е популација со значителни здравствени проблеми што ги става бројните малцинства во опасност – кажа Азар.

Тој додаде дека многу Американци имаат проблеми со дебелина, дијабетес и слични болести.

Речиси 90.000 луѓе починале досега од вирусот во САД.