СКОПСКО ја претстави новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи. Главната цел на оваа платформа е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување.
– Пивара Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд – СКОПСКО, ја започнуваме долгорочната платформа „Наша гордост. Наша одговорност.“, која се фокусира на животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има – да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар, сите заедно. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја – изјави Горан Сладиќ, генерален директор на Пивара Скопје, истакнувајќи дека овој проект целосно ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржливост согласно платформата Свет без отпад до 2030 година, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.
– Една од клучните мисии во заштитата на животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад со што еднаш за секогаш ќе го решиме проблемот на расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика на големото природно и културно богатство со кое оваа држава изобилува. Од таа причина ние како Министерство сме отворени за соработка и за поддршка на сите оние што сакаат да се вклучат во тој процес, било со конкретни активности, било со акции за подигнување и градење на свеста дека отпадот има свое место, дека секој отпад не е ѓубре и најголемиот дел има употребна вредност, а дека со градење на добри навики за постапување со отпадот придонесуваме за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најпосле и за заштита на сопственото здравје – изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
– Сакаме да потенцираме дека рециклирањето е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме, а со селекцијата и рециклирањето на отпадот најбрзо и најлесно може да придонесеме како индивидуи кон спас на нашата земја и планетата. Навистина сме горди што Пакомак е дел од овој проект, прв од многуте проекти кои ќе бидат инспирирани од визијата за позелена иднина. И како што вели нашиот слоган, би ги повикал граѓаните и компаниите да Селектираат Иднина и да нѐ поддржат во оваа наша заложба – изјави извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.
Првата фаза на реализација на целите на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ , опфаќа повеќе активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од Пивара Скопје и Мен анд Маунтаин. Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.
За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост – Охридското Езеро.
Во годините кои следат СКОПСКО ќе опфати и други национални обележја во нашата земја.
Комерцијална објава