Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција информираше дека парното во Скопје ќе поскапува за 14 отсто од 1 јануари.

Бислимоски додаде дека засега не се размислува за префрлање на БЕГ да работи на мазут, иако неговите котли тоа го овозможуваат. Доколку се дојде до ситуација да нема природен гас, или неговата цена да биде екстремно висока, Бислимоски изјави дека сепак таквата опција стои како отворена.