Вчера во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(66) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.Т.(45) од Струга.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Т. и Ш.Б.(60) од Дебар, сопатник во возилото „алфа ромео“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.


Тешко повреден пешак во Крива Паланка откако во него удрило возило и побегнало

Вчера во 16:00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на ул. Дупница во Крива Паланка возило удрило во М.С.(58) од с.Конопница, по што го напуштило местото на несреќата.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.