Фото: Пекселс

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека полицијата привела две малолетнички во Центар по пријава дека нападнале друго девојче и снимале со мобилен телефон.

Според информациите на МВР, вчера околу 20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот пресретнале друга малолетничка и физички ја нападнале. Притоа, едната од нив физички ја нападнала малолетничката, а другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со мобилен телефон.