Шаховската екипа на Мобилност Македонија во состав Горан Војновски (прва табла), Јанчо Ѓорѓевски (втора табла) и Даниел Нунески (трета табла) ги освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир на параплегичари (лица со делумна или целосна парализа на долниот дел од телото), кој се одржа во Бања Лука (БиХ). На турнирот учествуваа шест екипи од регионот: Македонија, Федерација БиХ, Република Српска 1, Србија, Република Српска 2 и Словен
– Оваа година борбата беше исклучително изедначена, екипите на Македонија и од Федерација БиХ, по пет одиграни кола беа целосно изедначени во сѐ, и во екипни бодови, девет (четири победи, едно реми, без пораз) и во освоени поени по табли (12,5), така што на крајот, во согласност со пропозициите на турнирот, одлучуваше жрепката. Нашиот капитен Јанчо Ѓорѓевски имаше среќна рака и ги донесе победата и големиот пехар за Мобилност Македонија. Трета е Србија со шест екипни бода (осум поени по табли). Средствата за учество на овој меѓународен шаховски натпревар беа обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади – информираат од Македонскиот параолимписки комитет.
Г.И.




































